Хајди Клум пак е Halloween кралица: Направи краток хорор филм со децата и Том Каулиц + подготовки за маската (фото+видео)
- Детали
- сабота, 31 октомври 2020
Поради пандемијата таа ја откажа легендарната забава, но повторно покажа дека е кралица на Halloween – со децата и Том снимија 5-минутно хорор видео во нивниот дом, а направи и шега од залихите тоалет хартија купени за карантинот.
Хајди Клум години наназад докажува дека е Halloween кралица и ги има најуникатните и најдобро направените маски кои ги промовира на нејзината позната забава.
Оваа година, заради пандемијата, таа ја откажа забавата, а подготовките кои претходно ги гледавме 2 месеца порано, сега задоцнија.
Halloween кралицата не може да си дозволи да не го одбележи овој ден достојно, па ден претходно ги почести своите фанови со неколку видеа од подготовката на годинешната маска.
Станува збор за кратко хорор видео со нејзиното семејство, во кое сака да покаже дека Ноќта на вештерките може да биде забавна и од дома со најблиските.
Во видеото таа се обидува на децата да им го направи забавен Halloween, па ги маскира во мумии со помош на залихата од тоалет хартија која ја купила на почетокот на пандемијата.
Но, кога ќе чукне полноќ, мумиите оживуваат и таа мора да се спаси – погледнете го видеото:
https://www.youtube.com/watch?v=KEzOahXPgI0
М. М. | Црнобело