Сите детали за рајскиот роденденски одмор на Ким Кардашијан на Тахити (фото)
- Детали
- четврток, 29 октомври 2020
Тиркизно сина вода и низа забавни активности, која од нив облече танга бикини, а која животниски принт... Како се забавуваат на одмор сестрите Кардашијан – Џенер?
Ким Кардашијан и нејзините сестри не сопираат со прикачување на фотографии од рајскиот одмор на Тахити по повод нејзиниот 40-ти роденден.
Тие се во луксузниот ресорт The Brando Resort и не се воопшто загрижени за критиките околу тоа дека патуваат среде пандемија.
Наводно одморот ќе ја чини Ким околу 1 милион долари.
Групата од нешто помалку од 30 луѓе леташе со приватен џет до островот на кој има 35 луксузни вили со приватни базени.
Од кино на плажа до кајакарење, како се забавуваа атрактивните сестри Кардашијан – Џенер и нивната мајка Крис Џенер: