Тој има 4 пропаднати бракови и 6 деца, таа два брака и две деца - која е новата љубовница на Марк Ентони?
- Детали
- четврток, 29 октомври 2020
Бившиот сопруг на Џенифер Лопез, Марк Ентони, е во врска со ѕвездата на реални шоуа – Евелин Лозада. Марк (52) и Евелин (44) поминуваат време заедно во неговата вила во Мајами.
Евелин која има една ќерка Шаниз (27) и син Карл (6), е популарна во Америка по реалното шоу „Жени на кошаркари“.
Нивната врска ја разоткриле фановите кои забележале дека двајцата имаат во исто време исти фотки од иста куќа на социјалните мрежи.
Евелин Лозада била во врска со НБА ѕвездата Антоан Вокер и кратко во брак со ѕвездата на хокејот, Чад Џонсон. Ќерката Шанис ја добила многу млада со Џамал Херстон, а синот Карл со бејзбол играчот Карл Крофорд.
Очигледно, имала многу бурен љубовен живот, а колку ќе трае врската со Марк, ќе видиме.
Негов најпознат брак е со Џенифер Лопез, со која ги имаат близнаците Макс и Ема. Поранешните сопружници се во одлични односи.
Тој зад себе има уште 3 неуспешни бракови и уште 3 синови и една ќерка.
Не е и тој за жалење со љубовната кариера, нели?
Прочитајте и: Славни парови кои останале пријатели по љубовната врска
Е. П. | Црнобело