Ким Кардашијан со раскошната прослава за 40-от роденден на приватен остров стана мета на твитерџиите
- Детали
- среда, 28 октомври 2020
„Мислам дека можеше ова да го задржиш за себе. Луѓето умираат, а ние останатите страдаме гледајќи како бројките се зголемуваат и сме во карантин дома. Ова беше нечувствително од тебе“, гласи еден од лутите коментари.
40-годишната ријалити ѕвезда ги разлути твитерџиите со овој потег среде пандемија, кога не се препорачуваат патувања, прослави и собиранки.
Но, Ким иако призна дека со семејството постојано се тестирале за корона пред екстравагантната прослава, сепак со потегот предизвика револт.
„Наполнив 40 години и се чувствувам благословено. Нема ден кој го земам здраво за готово, особено во овие времиња кога сите сме потсетени што е вистински важно. За мојот роденден оваа година, не можев да смислам подобар начин да го поминам отколку со луѓето кои ми помогнаа и ме обликуваа во жената која сум денес.
Пред КОВИД, не верувам дека некој од нас вистински ценеше каков едноставен луксуз е можноста за патување и можноста да се биде заедно со семејството и пријателите во безбедна околина.
По 2 седмици проверки за корона и замолување секој од гостите да биде во карантин, го изненадив моето блиско опкружување со патување на приватен остров каде можевме да се преправаме дека работите се нормални, барем на кратко. Танцувавме, возевме велосипеди, пливавме во близина на китови, кајакаревме, гледавме филм заедно на плажа и што уште не.
Сфаќам дека за повеќето луѓе ова е нешто недостижно во моментов, па во моменти како овој благодарна сум колку е привилегиран мојот живот“, напиша таа во описот на фотографиите од роденденската прослава.
Роденденските фотки на Ким Кардашијан: