Џанлука Ваки танцува со 28 години помладата девојката мигови пред породување во болница
- Детали
- вторник, 27 октомври 2020
Таа е 28 години помлада од него, но тој има дух што плени и е „зависник“ од танцување. Дури и пред породување Шерон насмеана игра покрај Џанлука.
Џанлука Ваки (53) откри дека неговата 25-годишна девојка Шерон Фонсека има породилни болки и дека се во болница и во секој миг го очекуваат пристигнувањето на нивното дете на овој свет.
Италијанскиот Плејбој и неговата избраничка дури и во оваа пригода снимија танцувачко TikTok видео за кое Ваки на шега вели дека со танцот се обидувале да го натераат бебето да излезе.
Во танцот им се придружи и една медицинска сестра од болницата.
Парот очекува девојче, а целата бременост на Шерон ја минаа разиграни.
Таа иако е пред породување изгледа релаксирано и насмеано на видеото со Ваки.
Погледнете ја нивната „претпородилна“ кореографија ТУКА!
С. С. | Црнобело