Брачен пар во 2020-та: Џастин и Хејли Бибер си „зјапаат“ во телефон и си молчат (фото)
- Детали
- среда, 21 октомври 2020
Новите фотки од Џастин и Хејли се можеби најдобриот приказ на модерните бракви - заедно уживаат во тишината, додека си гледаат во телефоните.
Слушнавме секакви изјави за тоа колку е голема нивната љубов, видовме и секакви фотографии на кои Хејли и Џастин не можат да ги тргнат рацете еден од друг. Но, во реалноста, и тие се еден сосем обичен пар кој прави обични работи.
Неодамна се појави фотографија од Хејли и Џастин, на која изгледаат како сите млади парови – седат еден спроти друг, си гледаат во телефоните и во тишина уживаат во „заедничкиот“ момент.
Нормално, како и секој пар, одвреме-навреме си покажуваат и по некое „меме“ или некое смешно видео.
Овие фотки се навистина интересен приказ на модерните бракови. Можеби за повозрасните ова е несфатливо, но помладата генерација најчесто ужива во овие моменти.
А, дали е правилно или погрешно, проценете сами...
Спирова С. | Црнобео