Кога „обична“ 55-годишна жена позира како Ким Кардашијан + од каде Ким заработува најмногу пари (фото)
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2020
Ким Кардашијан сега има поголемо богатство од Кајли Џенер, но не може да го стигне нејзиниот сопруг Канје Вест кој е милијардер.
Надја Савала е позната по тоа што сака да се шегува на сметка на познатите и да прави пародија на нивните фотографии.
Овој пат комичарката сними видео во долна облека како Ким Кардашијан и покажа како би изгледала една „обична“ жена во нејзината долна облека.
https://www.instagram.com/p/CDg3dUTAfgR/
Инаку, неодамна во гостувањето во шоуто на Дејвид Летерман, Ким откри дека заработува многу повеќе пари од Инстаграм отколку од реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“.
Ријалити ѕвездата вели дека понекогаш за некоја објава на Инстаграм може да добие повеќе пари отколку за цела сезона од реалното шоу, па не е ниту чудно што донела одлука за крај на шоуто.
Според Forbes, Ким сега има богатство од 870 милиони долари и е најбогатиот член од семејството, откако Кајли Џенер поради лоши бизнис потези „падна“ на богатство од 700 милиони долари, претходно се веруваше дека е милијардерка, иако некои го спореа тоа.
Од семејството само за Канје Вест е сигурно дека е милијардер со богатство од 1.3 милијарди долари.
С. С. | Црнобело