„Мараш е виновен за тетоважата“ – Која е девојката со ликот на Милош Биковиќ на нога?
- Детали
- понеделник, 19 октомври 2020
„Не сум родена во Србија, но Србија е родена во мене“, вели девојката која го истетовира ликот на Биковиќ на бедрото, инспирирана од неговата улога во Južni vetar.
Милош Биковиќ е еден од најдобрите и најуспешни актери во Србија, а иако е препознатлив по претходните успешни улоги, сепак кај помладата публика посебно се прослави благодарение на филмот Južni vetar.
Неговиот лик во филмот и истоимената серија, Мараш, е особено популарен кај помладите кои го гледаат како фраер и „лош дечко“.
Па така, неговиот лик заврши како тетоважа на ногата на една девојка, а тој самиот ја сподели фотката од неа на Инстаграм.
Подоцна српските медиуми открија која е девојката со тетоважа од Биковиќ. Станува збор за 24-годишната Јована Поповиќ, која дала ексклузивна изјава и фотки за alo.rs.
„На повеќето жени Милош им е во срце заради убавината, па ни јас не останав имуна на неговиот шарм. Го гледав филмот Južni vetar и тогаш се заљубив во сѐ што правеше Мараш и посакав на некој начин секогаш да биде со мене.“ – изјавила девојката.
Прочитајте и Дедо од Македонија, мерак за Русинки – неколку факти за најпопуларниот балкански актер Милош Биковиќ
Сепак, Милош е само дел од исцртаните симболи кои ја поврзуваат Јована со Србија, иако не е родена таму.
„Не сум родена во Србија, но Србија е родена во мене“ – вака гласи другата тетоважа на 24-годишната девојка.
Инаку тетоважите ѝ ги црта нејзиниот брат, кој е стручен во областа, а кога дознала дека се прославила, била многу возбудена.
„Брат ми влезе во соба и ми рече Јована нема да веруваш што се случи, Милош нè сподели со шеговит коментар. Многу се радував што на некој начин допрев до него и уште не ми се верува. Последно што очекував е дека ќе завршам во медиуми, но тоа е знак дека избрав вистински актер.“
Тие живеат во Германија, а Јована изјавила дека ја посетува Србија неколкупати годишно.
М. М. | Црнобело