Дедо од Македонија, мерак за Русинки – неколку факти за најпопуларниот балкански актер Милош Биковиќ
Милош Биковиќ е роден во Белград на 13 јануари 1988 година. 32-годишната ѕвезда е филмски, телевизиски и театарски глумец.
Улогата која го прослави е онаа на Александар Тирнаниќ „Тирке“ во филмот на Драган Бјелогрлиќ - Монтевидео, Бог те видео!, иако претходно имал уште неколку помали улоги.
Биковиќ зборува српски јазик, англиски јазик и руски јазик, а дипломирал на Факултет за драмски уметности во Белград во класата на Драган Петровиќ.
Добитник е на неколку филмски престижни награди од регионот, а се појавил и во 2 музички спота.
Актуелен е со последниот филм од 2019 година The Balkan Line или Balkanskiy rubezh во руско-српска продукција како и со улогата на Петар Мараш во ТВ серијата Јужни ветар.
Во неодамнешно интервју, згодниот актер изјави дека неговиот дедо од страната на татко му е од Берово, што значи дека актерот има македонско потекло.
Неговото богатство се проценува од 100.000 до 1 милион долари.
Во хороскоп е Јарец, висок е 188 cm, а во моментов се претпоставува дека е сингл.
Биковиќ имал 2 посериозни врски во минатото, едната со Саша Лус, 27-годишен руски модел, во времетраење од 2015 до 2016 година.
Втората врска му била со Аглаја Тарасова од 2016 до 2018 година. Аглаја е 25-годишна руска актерка.
На Инстаграм го следат речиси 2 милиони обожаватели. Погледнете како изгледа прекрасниот актер:
(О)Милена | Црнобело