Убиството на брат ѝ, борба со зависности - тажни детали од животот на Донатела Версаче
- Детали
- недела, 18 октомври 2020
Versace е една од најголемите модни куќи во светот и речиси да нема личност која не слушнала за неа. Денес на чело на компанијата седи Донатела Версаче, но за нејзиното основање е одговорен брат ѝ – Џани Версаче.
Денес Донатела се фокусира на модата, но во животот имала неколку неочекувани пресврти кои имале огромно влијание врз неа.
Во продолжение погледнете неколку факти за Донатела Версаче што сигурно не сте ги знаеле:
Донатела Версаче има сестра по име Тина која починала во тинејџерските години. Таа има и двајца браќа – Санто и познатиот дизајнер Џани Версаче. Наводно, дизајнерката била најблиска со Џани, и покрај тоа што тој беше 10 години постар од неа.
Нејзината сестра Тина починала на само 12 години. Нејзината смрт била сосем неочекувана – девојчето починало откако ѝ ставиле инјекција против тетанус, најверојатно поради немарност од страна на медицинското лице.
Мајката на Донатела изработувала фустани, па на некој начин, таа и брат ѝ Џани биле инспирирани од неа. Нејзиниот брат е оној кој ја основа Versace, а Донатела решила да ги следи неговите стапки. Наводно таа била неговата најголема инспирација. Џани бил и причината зошто Донатела има руса коса – ја убедил да ја фарба косата уште на 11-годишна возраст, и оттогаш дизајнерката ја нема променето бојата.
Во 1997-ма, брат ѝ Џани беше убиен – настан што целосно го промени животот на Донатела. Наводно, Џани само што се враќал од прошетка и одел кон неговиот дом во Мајами, кога бил застрелан двапати во главата. Убиецот, Ендру Кунанан, имал извршено уште неколку убиства и важел за најопасните сериски убијци кои не биле фатени. После убиството на Џани, Ендру се застрелал самиот.