Природна и ведра: Џенифер Гарнер во монокини на плажа го покажа целулитот на нозете (фото)
- Детали
- недела, 04 октомври 2020
Додека голем дел од холивудските актерки се опседнати со совршенство и пластични операции, Џенифер Гарнер е природна убавица на 48 години.
Џенифер Гарнер е позната како природна убавица. Поранешната сопруга на Бен Афлек периодов ги школува дома нивните 3 деца, а слободното време го користи за релаксација на плажа.
Таа беше фотографирана во сиво монокини на плажа во Калифорнија. Природна, ведра и на моменти со маска на лицето, таа уживаше во сонцето.
Папарацо фотографи го сликаа целулитот на нејзините нозе, но 48-годишната актерка очигледно не се заморува со тоа како дел од другите ѕвезди.
Дефинитивно Гарнер отскокнува од „пластичните“ холивудски убавици.
Фотки од Џенифер Гарнер:
С. С. | Црнобело