„Конечно лето“: Каролина Гочева ужива на одмор на море (фото)
- Детали
- четврток, 01 октомври 2020
Каролина Гочева направи вистински моден погодок со црниот фустан со висок шлиц и специфичните чевли за време на нејзиниот одмор.
Каролина Гочева обожава море и егзотични дестинации во текот на летото, но ова лето поради ситуацијата со корона вирусот таа го мина релаксирајќи се најчесто на Пелистер во нејзината родна Битола.
Но, сега поп дивата конечно ужива покрај море. Таа не откри на која дестинација е, но на фотографиите од Инстаграм се гледа дека повторно направила добар избор.
На шега Каролина напиша: „Конечно лето“ во описот на една од фотографиите.
Па и не е воопшто лошо сончање и капење на почетокот од месец октомври, зарем не?
Преку ден се релаксира со добра книга на плажа, а навечер со пијалак во некој убав локал.
Прочитајте и Македонска убавина: Каролина Гочева ужива на Пелистер со сопругот Михаил Корубин (фото)
С. С. | Црнобело