Македонска убавина: Каролина Гочева ужива на Пелистер со сопругот Михаил Корубин (фото)
- Детали
- понеделник, 24 август 2020
Каролина Гочева не објавува многу детали од своето секојдневие, но овојпат на фановите им покажа каде ги полни батериите. Пелистер како дестинација за лето 2020, па зошто да не?
Каролина Гочева обожава дестинации за одмор каде што има море и плажа, како што се грчките острови Миконос, Родос или пак Мексико, дестинации каде летуваше во изминатите години, но поради ситуацијата со короната таа годинава одмораше во Македонија.
Македонската поп дива ги полнеше батериите во близина на нејзиниот роден град Битола.
Таа уживаше во прекрасната природа на Пелистер со својот сопруг Михаил Корубин. Го посети и ски центарот „Копанки“.
Фотки од Каролина на Пелистер:
С. С. | Црнобело