На која спектакуларна туристичка дестинација во Мексико престојува Каролина Гочева? (фото)
- Детали
- вторник, 09 јануари 2018
По снегот, мразот и температурите под нулата во Канада, Каролина замина на сончање и релаксација во Мексико.
По уживањето во глетката на замрзнатите Нијагарини водопади, Каролина Гочева замина на уште една спектакуларна дестинација.
Сега таа ужива во областа Tulum, Quintana Roo во Мексико. На брегот од Крипското море со тиркизна вода и археолошки руини, ова место е вистински рај.
Има околу 18.000 жители и со својата атрактивност од година на година привлекува сè повеќе туристи.
Во 2011 година беше пуштен нов интернационален аеродром на 20 километри од него, па тоа стана достапно за туристите од цел свет.
Еве каде ужива Каролина со сопругот Михаил Корубин:
С. С. | Црнобело