„Ништо не боли повеќе од страдање за детето“ - 10 месеци откако „привремено“ ѝ го одземаа синот на Северина

„Верувајте, понекогаш и најсилното срце тешко издржува да продолжи да чука. И секое отчукување остава силна рана. И така 10 месеци.“ – Северина објави видео со синот и емотивна порака по повод денот кога поминаа 10 месеци откако ѝ го одземаа неправедно синот.

10-meseci-otkako-privremeno-i-go-odzemaa-sinot-na-severina-nishto-ne-boli-povekje-od-stradanje-za-deteto-01.jpg

На Северина ѝ беше одземано старателсвото над нејзиниот син Александар по неправедната одлука на судот на барање на неговиот татко Милан, а таа не престанува да споделува искрено какви се нејзините чувства.

Денес поминаа 10 месеци откако го изгуби старателството над него, а по тој повод објави видео додека плови по море со синчето, а во позадина свири „My Heart Will Go On“ и напиша:

Ништо не боли повеќе од страдањето за детето. Така сакаше природата. И ни даде сила. Да се бориме, да издржиме. И ќе се борам. Во таа агонија, она што најжешко пече како непрекината горушница во стомакот, е неправдата, бидејќи како никој да не ја слуша и гледа.

Верувајте, понекогаш и најсилното срце тешко издржува да продолжи да чука. И секое отчукување остава силна рана. И така 10 месеци. Денес е денот кога срцето застанува. Полни 10 месеци од „привремената“ мерка со која ми е одземено детето.

Таа „привремена“ мерка одреди детето кај мене да преспива двапати месечно. Да го гледам 10 часа во текот на работната недела и секој втор викенд кој почнува во сабота во 10 часот. И така 10 месеци. „Привремено“.

Чувството е како кога вашето најсилно врескање не е слушнато од никој. Или никој не сака да го слушне...“

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...
Продавање дрога, убиство: Познати личности кои имаат проблематични деца Синот на Џеки Чен беше обвинет за продажба на дрога, додека синот на Том Хенкс п...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg