Северина го изгуби старателството над синот – 7-годишниот Александар ќе живее со татко му

Северина денес треба да го предаде синот на нејзиниот поранешен сопруг, Милан, бидејќи ја изгуби битката за неговото старателство.

severina-go-izgubi-staratelstvoto-nad-sinot-7-godishniot-aleksandar-kje-zhivee-so-tatko-mu-01.jpg

Денес, судот во Загреб донел привремена мерка за одземање на старателството на Северина над синот Александар, во која одлучува детето да живее со неговиот татко, Милан Поповиќ.  

54-годишниот Милан ќе се грижи самостојно за здравјето и образованието на детето, а адвокатот вели дека се задоволни од одлуката на судот и се надеваат дека мајката ќе се држи до мерките.

severina-go-izgubi-staratelstvoto-nad-sinot-7-godishniot-aleksandar-kje-zhivee-so-tatko-mu-02.jpg

Според одлуката на судот, Северина смее да го гледа 7-годишниот син двапати неделно, попладне, како и секој втор викенд од сабота наутро до недела навечер.

„Не знам што би ви кажала. Не го очекував ова бидејќи е направен преседан во постапката.“ – изјавила на телефон пејачката за Jutarnji.hr, гушејќи се во солзи.

severina-go-izgubi-staratelstvoto-nad-sinot-7-godishniot-aleksandar-kje-zhivee-so-tatko-mu-03.jpg

Инаку, Северина пред неколку дена поднела кривична пријава против поранешниот сопруг заради повреда на правата на детето.

Наводно, момчето било истрауматизирано и добилo препорака од лекар да не оди на училиште, а таткото го однел, без нејзина согласност.

Станува збор за инцидент, кога детето било затворено во училиштето 2 часа, бидејќи мајката не дошла по него, а таткото не дозволил да го земе некој друг, односно сегашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, па директорката ја обвинила пејачката за занемарување на детето.

Според изворите, наводно Милан не е запознаен со пријавата и не знае што погрешил, а за гласините во медиумите вели дека нема да го носи синот во Србија и засега останува да учи во Загреб. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Сантиметрите не се важни за љубов - Славни жени кои се повисоки од своите партнери Зендеја, Камерон Дијаз, Никол Кидман - овие дами се доказ дека висината не е сек...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Бен Афлек и синот „шлапнаа“ во вир, Жизел Бундшен тагува: Фото-докази дека и ѕвездите се „обични“ лу... Секојпат кога Бен е мизерен, тој завршува како меме, а пред неколку дена папарац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg