Доналд Трамп: „Му посакувам многу среќа на Хари со Меган Маркл, ќе му треба“
- Детали
- четврток, 24 септември 2020
Меган Маркл им дозволи на фановите да ѕирнат во нејзиниот дом од 14 милиони долари, додека Трамп упатува остри зборови кон неа и го жали Хари.
Претседателот на САД, Доналд Трамп јавно кажа дека не е фан на Меган Маркл, откако таа со принцот Хари апелираше до граѓаните на САД да му дадат поддршка на противникот на Трамп во претседателската трка.
На новинарско прашање за Меган, Трамп изјави: „Не сум нејзин фан. Ќе кажам вака, а таа најверојатно веќе го има слушнато тоа – Му посакувам многу среќа на Хари, затоа што ќе му треба“.
Инаку, Меган деновиве им дозволи на фановите да ѕирнат во нејзиниот дом од 14 милиони долари.
Таа со видео повик беше дел од шоуто „America’s Got Talent“, каде испрати лична порака за поддршка на финалистот кој минал 36 години во затвор поради погрешно обвинение за силување и минатата година бил конечно ослободен.
На снимката се гледа дневната соба на Меган и Хари во нивниот дом во Калифорнија.
Дали на Хари навистина ќе му треба среќа во животот со „комплицираната“ Меган, како што вели Трамп, останува да видиме...
С. С. | Црнобело