„Моето стомаче е од бургер, нејзиното од Зејн“ – Бела Хадид се пошегува на сметка на Џиџи
- Детали
- среда, 16 септември 2020
Изгледа дека Бела Хадид едвај чека да стане тетка – нејзината сестра, Џиџи Хадид, го очекува првото дете со Зејн Малик.
25-годишната Џиџи ги потврди новостите за бременоста во април, откако фановите веќе беа убедени дека таа и Зејн очекуваат дете.
Сега Бела објави фотка направена во јуни и се пошегува на сметка на бременоста на сестра ѝ. Двете девојки ги држат нивните стомачиња, а Бела на шега напишала дека нејзиното е „од бургери, а на Џиџи е од Зејн“:
„Премногу ве сакам и двајцата – не можам да престанам да плачам“, стои во описот на идната тетка.
https://www.instagram.com/p/CFKl3eRg-Ri/?utm_source=ig_embed
Иако на почетокот Џиџи беше срамежлива и не зборуваше ништо за бременоста, сега со задоволство се фали со трудничкото стомаче на Instagram.
Бела Хадид, пак, почна отворено да зборува за нејзините проблеми со лајмската болест, која ѝ била дијагностицирана во 2012-та.
На неколку Instagram „сториња“ таа ги наброја најчестите симптоми на болеста за да им покаже на фановите со што се справува.
Дел од симптомите се главоболки, несоница, замор, анксиозност гадење проблеми со дишењето, а секој ден чувствувала барем 10-тина од нив. И мајката на младите супермодели, Јоланда, страдала од истата болест.
Спирова С. | Црнобело