Казни, навреди, непочит: Вработените откриваат зошто Елен Деџенерис е „шефица од пеколот“
- Детали
- сабота, 05 септември 2020
Елен како да ја изгради нејзината кариера околу мотото „биди добар“, но изгледа ова било само глума - Елен во реалноста се покажа како навистина ужасна личност.
Пред само неколку месеци, луѓето кои имале каква било интеракција со неа почнаа да откриваат каква е Елен и имаа само лоши зборови за нивното искуство. За ова најмногу зборуваа оние кои биле гости во нејзиното шоу, вклучувајќи и неколку славни, но сега и вработените почнаа да откриваат каква е всушнсот Елен.
Па, што имаат да кажат тие за неа?
Лоши искуства
Гласините дека Елен е еден од најлошите шефови постојат со години. Сепак, речиси никој не им обрнуваше внимание сè додека Кевин Т. Портер не ги замоли луѓето да раскажат за нивното лошо искуство со Елен. Досега, на неговата објава имаат одговорено речиси 3.000 луѓе.
Во коментарите се огласи и актерот Бенџамин Сиемон, кој напиша:
„Елен има ’чувствителен нос', па секој мора да џвака мастика пред да разговара со неа. Ако таа мисли дека мирисате лошо, ќе ве испрати дома да се туширате“.
Тој напиша и дека секој ден, Елен си одбирала по еден од вработените што ќе го мрази. На новите вработени им го кажувале ова, со цел да ги утешат.
„Никој не веруваше, но на крај ова секогаш се покажуваше како вистина“, вели Бенџамин.
Агресија
Една девојка со темна кожа која работела околу година и пол за шоуто на Елен, откри дека агресијата и расизмот биле честа појава таму.
Кога тимот на Елен најмил друга девојка со темна кожа, еден од продуцентите ѝ рекол:
„И двете имате исти фризури, се надевам дека нема да ве помешам. Се извинувам, ги знам само имињата на белите луѓе кои работат овде“.
Уште расизам
Друга девојка која работела за Елен изјави дека секогаш кога ќе почнела да зборува за дискриминација, другите едноставно ја менувале темата.
„Секогаш кога му кажував на мојот бел шеф дека имам проблем, тој ми кажуваше некоја приказна за некој негов пријател со темна кожа што надминал нешто лично. Го користеше тој пријател мислејќи дека ќе ми докаже дека ме разбира, но јасно е дека сето беше само глума“.
Нееднакви плати
Истата девојка откри и дека платите не биле воопшто еднакви. Имено, таа открила дека друга личност која ја работела потполно истата работа како и неа била платена двојно повеќе. Девојката имала 10 години искуство, но тоа не ја интересирало Елен.
Дури и откако дала отказ, долго ѝ било страв да прозбори за ова, но знаела дека не е единствената дискриминирана личност.
Вработените добиваат отказ ако имаат лични проблеми
Друг поранешен вработен изјави дека добил отказ бидејќи трипати бил принуден да отсуствува од работа. Првиот пат имал сообраќајка и морал да лежи во болница, а вториот и третиот пат работел од дома, бидејќи му починал член од семејството.
На Елен воопшто не ѝ било грижа за ваквите ситуации, па сите кои имале лични проблеми, добивале и отказ.