„Разгалена дива со чудни барања“ - Што велат вработените на Аријана Гранде за неа?
Менаџерот на Аријана има споделено и дека таа доаѓа од навистина хармонично италијанско семејство. Имено, на Аријана најважно ѝ било да има време да ја види нејзината баба.
Нејзините најверни фанови веќе знаат и колку ѝ значи нејзиниот дедо. Се чини дека Аријана е една личност пред јавноста, но во приватниот живот вистински се грижи за најблиските.
Кога сте славни колку Аријана, сигурно ќе мислите дека ви е дозволено сè. На пример, нејзиниот личен асистент неколку пати е забележен како оди по неа и ѝ го држи шишето вода.
Ова, дефинитивно е разгалено однесување. Интересно е што е ова не било првпат Аријана да има вакви чудни барања од асистентите.
За разлика од повеќето фотографи, Алфредо Флорес има само добри зборови за Аријана. Тој секогаш истакнува колку е горд што соработува со неа и може да се каже дека е еден од нејзините најголеми фанови. Што значи, пејачката знае да се однесува и добро.
Уште еден фотограф има само добри зборови за Аријана. Фотографот кој е познат само по псевдонимот Natural, објави Instagram пост за нејзиниот роденден со опис:
„Ти благодарам за добрината, пријателството и инспирацијата. Многу љубов до тебе. Уживај во твојот ден!!“
Истиот фотограф ја има наречено Аријана и „сестра“. Наводно, тој ја гледал Аријана како дел од неговото семејство и уживал во секоја нивна соработка.
Изгледа дека Аријана знае да биде разгалена, но знае и како да се зближи со вработените. Иако многумина имаат само лоши зборови за неа, постојат и оние кои се убедени дека таа е прекрасна личност.
Спирова С. | Црнобело