„Разгалена дива со чудни барања“ - Што велат вработените на Аријана Гранде за неа?
- Детали
- недела, 06 септември 2020
Дали младата пејачка навистина е разгалена, или, сепак, ова се само гласини?
Аријана Гранде ја започна кариерата со две серии на Nickelodeon – „Victorious“ и „Sam & Cat“. Кога, пак, заплови во музичките води, не помина долго пред да стане светска сензација.
Младата пејачка ја бие глас дека се однесува како разгалена дива, а тоа најдобро го знаат луѓето кои работеле за неа.
Па, погледнете што велат вработените на Аријана за нивното искуство со пејачката:
Неза е танчарка која се има појавено во бројни музички спотови, и тоа на некои од најголемите музички ѕвезди. Таа се појави и во спотот за „Right There“ на Аријана, а на YouTube раскажа за нејзиното искуство.
Неза не сподели многу детали, но напомена дека искуството било далеку од добро. Имено, пејачката се однесувала студено, а целото снимање било навистина стресно на неа.
Веќе напоменавме дека Аријана сака да се однесува како дива, а во 2014-та дознавме дека нејзиниот тренер за личен развој си дал отказ бидејќи „не можел да издржи“. Никој не ја знае целата приказна, но штом тој бил присилен да даде отказ, можеме да замислиме колку ужасна личност е Аријана.
Луѓето кои имале можност да ја интервјуираат пејачката само ги потврдуваат гласините дека таа се однесува многу разгалено. Истото го велат и многу фотографи кои соработувале со неа – неретко, таа си заминувала средe фотосесија, без никакво објаснување.
Но, додека некои имаат само лоши зборови за Аријана, постојат и оние кои ѝ се восхитуваат. Нејзиниот менаџер, Скутер Браун, има изјавено дека таа е eдна од најдобрите и најшармантните луѓе што ги сретнал. Тој нагласи и дека славата била огромна промена за неа, па веројатно понекогаш тоа има влијание врз нејзиното однесување.