Мала торбичка во боја на кожа на половиот орган, сунѓерче за шминка меѓу нозете - Тајните на секс сцените во филмовите
- Детали
- сабота, 29 август 2020
Кога бевме деца, еден од најсрамните моменти кај речиси секој од нас најверојатно беше моментот кога гледавме филм со родителите и ќе започнеше секс сцена. Тогаш или ги покривавме очите со рацете или се вртевме настрана или одевме до кујната по вода. Но, колку вистински имало потреба од тоа и колку овие сцени биле реални?
Неколку познати актери даваат одговор за тоа како ги снимале познатите секс сцени:
Кејт Винслет
Можеби нејзината најпозната улога е „Титаник“, но во филмот „Романса и цигари“ од 2006 е најжешката сцена којашто ја одиграла.
За да може да го долови изразот на екстаза на лицето, таа енергично скокала на фитнес топка, создавајќи илузија дека се наоѓа одозгора врз партнерот.
Оливија Колман
Минатата година таа го освои Оскарот за главната женска улога во „Омилената“, но за да го заслужи ова признание мораше да помине низ снимањето на секс сцените со актерката Ема Стоун.
При снимањето на сцените таа позајмила од шминкерите едно сунѓерче за шминка и го ставила меѓу нозете, за да ја заштити колешката од ненамерни интимни допири.
Џејми Дорнан
Актерот има снимено повеќе сцени за еден филм отколку повеќето останати актери во целата своја кариера.
За да успее да го скрие својот полов орган од камерите, Дорнан го врзал во мала торба со боја како кожата на телото и ја прицврстил на телото, за да не падне. Така и покрај тоа што поголемиот дел од филмот тој е гол, сепак неговата партнерка Дакота Џонсон не морала да му го гледа половиот орган и можела да се чувствува поудобно за време на снимањето.
Ким Катрал
Најпромискуитетната од сите четири другарки во „Сексот и градот“, сепак не криела дека сцените со секс биле вистински кошмар за неа.
Секогаш се грижела дали ќе успее да го долови моментот на жена која вистински ужива во сексот, па затоа камерите биле што е можно подобро скриени, за да може актерите полесно да се опуштат и внесат во сцените. Исто така и луѓето коишто треба да бидат присутни на снимањето биле сведени на минимум. Таа кажува дека некои режисери сакаат секс сцените да бидат прецизни и до најмалите детали, додека пак други им даваат на актерите слобода да импровизираат.
Понекогаш секс сцените се снимаат веднаш на првата средба на актерите, но иако тие траат само минута или две, сепак нивното снимање знае да трае и по неколку часови и дополнителна употреба на дублери, па така покрај сиот тој стрес нема воопшто место за возбуда.
(О)Милена | Црнобело