Не може да го издржи секој - како изгледа тренингот на Џенифер Лопез?
- Детали
- сабота, 29 август 2020
Летово, Џеј Ло наполни 51 година, но изгледа подобро од кога било. Ова, нормално, најмногу се должи на нејзината фитнес рутина.
Пејачката толку многу му се посветува на вежбањето, што прави и најтешките вежби да изгледаат лесно. Поради одличната кондиција, пак, таа знае да приреди вистинско шоу со танцување на нејзините концерти.
Веќе е јасно дека тренингот на Џеј Ло е доста интензивен и ретко кој ќе го издржи, но ако сакате малку мотивација, во продолжение погледнете како изгледа нејзиниот фитнес режим:
Исхраната е клучна
Нема да стигнете далеку ако вежбате, а не внимавате на исхраната. Ова го знае и Џеј Ло, па секогаш внимателно избира што јаде – многу протеини и речиси никаква нездрава храна.
Еднаш дневно Џеј Ло јаде пилешко или риба, а во текот на денов внесува и многу овошје и зеленчук. Таа никогаш не гладува, а ако ѝ се појави желба за грицкање, ја задоволува со кикиритки. Сепак, бидејќи и таа е само човек, одвреме-навреме си дозволува и нездрава храна.
Кардио вежби
Кардио вежбите се можеби најважни, но сите ги избегнуваме. Џеј Ло знае дека ако сака да ги издржи енергичните концерти, мора да обрне внимание и на кардио вежбите.
Најчесто пејачката џогира, скока јаже или трча по скали.
Вежби за раце
Доволно е да погледнете една фотографија од Џеј Ло, за да сфатите дека обрнува многу внимание на горниот дел од телото.
Таа ги прави основите вежби со тегови, а омилена вежба за раце ѝ биле таканаречените „Спајдермен“ склекови.
Проби за концерти
Кога се подготвува за концерт, Џеј Ло танцува со часови. А, ова е многу добра физичка активност.
Интересно е што ова не е доволно за пејачката, па пред настап таа секогаш вежба и во теретана.
32-минутна рутина за вежбање
Сите познати имаат лични тренери, а Џеј Ло има дури два. Едниот од нејзините тренери, Дејвид Кирш, ја има развиено популарната 32-минутна рутина за вежбање, која Џеј Ло навистина ја сакала.
Рутината се состои од 16 различни вежби, кои ги активираат мускулите во целото тело.