Ким Кардашијан и Никол Ричи - Славни личности кои се познаваат уште од детството
Маја Рудолф и Гвинет Палтроу се пријателки уште од 7 години. За едно гостувањето во Saturday Night Live, Гвинет изјави дека Маја ѝ е една од најдобрите пријателки и дека е многу смешна и талентирана. На истото гостување, двете споделуваа и приказни од нивната дружба во детството.
Рајан Гослинг и Џастин Тимберлејк не биле само пријатели, туку и живееле заедно во детството. На почетокот од кариерата, Рајан останал сам во САД бидејќи мајка му морала да се врати во Канада. Тогаш мајката на Џастин го прибрала кај нив и тие живееле заедно околу половина година.
Тоби Мегваер и Леонардо ди Каприо се запознале на аудиција, кога имале 12 години. Леонардо има изјавено дека веднаш посакал Тоби да му биде пријател, и дал сè од себе да го реализира тоа. Во 2013-та, тие беа и соседи.
Кејт Хадсон и Лив Тајлер се пријателки од средно. И нивните семејства биле во многу добар однос, па ова уште толку ги зближило двете актерки.
Ким Кардашијан и Никол Ричи се дружеле уште од 13-тата година. Ким има изјавено дека заедно запаѓале во многу неволји и еднаш дури украле кармин од продавница.
Спирова С. | Црнобело