Ким Кардашијан и Никол Ричи - Славни личности кои се познаваат уште од детството
- Детали
- петок, 04 септември 2020
Пријателствата од детството можат да траат цел живот и се толку цврсти, што понекогаш ни славата не може да застане помеѓу нив.
Нормално е славните да имаат славни пријатели, бидејќи најмногу се движат во такви кругови. Но, знаевте ли дека многу познати личности се пријатели уште од нивното детство?
Погледнете за кои станува збор:
Адам Левин и Џона Хил се запознале бидејќи нивните татковци биле пријатели. Џона им изјавено дека нивните татковци првпат се сретнале во канцеларијата на директорот во нивното основно училиште, а оттогаш тој и Адам биле практично неразделни.
Мет Дејмон и Бен Афлек пораснале заедно во Бостон. Познатите актери се запознале на бејзбол натпревар, заедно оделе на училиште, а и двајцата се вљубиле во филмската индустрија уште во детството. Мет им изјавено дека можеби најмногу се зближиле поради ова.
Селена Гомез и Деми Ловато се запознале на снимањето на Barney and Friends во 2000-те и веднаш станале добри пријателки. Интересно што е нивниот пат до успехот е многу сличен – и двете имаа серија на каналот на Disney, а потоа станаа едни од најголемите музички ѕвезди.
И Илајџа Вуд и Меколи Калкин се запознале на снимање. Актерите станале пријатели во 1990-тите, за време на снимањето на The Good Son. Меколи има изјавено дека тој и Илајџа засекогаш ќе бидат како браќа.
Ешли Тисдејл и Ванеса Хаџенс биле пријателки долго пред High School Musical. Во 2019-та Ешли откри дека ја запознала Ванеса една година пред мјузиклот, додека снимале реклама. Тие се блиски и денес, а Ванеса ѝ беше и деверуша на Ешли во 2014-та.