Вработените не смеат да работат за Ким и Канје - Кои правила владеат во домот на Џеј Зи и Бијонсе?
Медицинска сестра за близнаците
Здравјето на децата им е најважно на Џеј Зи и Бијонсе, па тие имаат лекар кој ги посетува еднаш неделно, но и медицинска сестра која им е достапна 24/7.
Причината за ова е нивната популарност – ако одат во болница, ќе привлечат многу внимание, а парот смета дека болницата не е место за папараци.
Истовремено, тие сакаат да ја зачуваат приватноста на нивните деца.
Одличен однос со вработените
Славниот пар навистина се грижи за нивните вработени. Покрај добриот однос, тие дури и им организирале забави, а им купувале и подароци за празници и родендени.
Наводно, пејачката им посветувала многу внимание на вработените во домот и секогаш се обидувала добро да ги запознае. Џеј Зи, пак, редовно им давал совети на вработените и ги мотивирал да станат подобри личности.
Нивните вработени не смеат да работат за Ким и Канје
Врската помеѓу најславните парови во светот е чудна и полна со пресврти. Не е точно познато што се случува меѓу Џеј Зи и Канје, ниту, пак, помеѓу Бијонсе и Ким.
Денес нивниот однос е заладен, па Џеј Зи и Бијонсе имаат едно правило за вработените – да не работат за Ким и Канје.
Бијонсе го цени својот личен простор
Наводно, Бијонсе не сака да ѝ ја средуваат облеката кога е на црвениот тепих, иако тоа е задачата на асистентите.
Пејачката секогаш била пријателски настроена, но не сакала кога луѓето премногу ѝ се доближуваат.
Блу Ајви мора да спие во тишина
Бијонсе смета дека сонот е многу важен, па кога спие Блу Ајви, мора да владее потполна тишина.
Истовремено, парот сака нивната ќерка да биде добро образована, па уште сега учи неколку јазици. Според изворите, тие сакаат Блу Ајви да зборува повеќе од 2 јазици дури да наполни 18.
Бијонсе и Џеј Зи работат во одделни соби
И двајцата се независни и посветени луѓе, па тие секогаш работеле во различни соби, во различни краеви од куќата.
Бијоне и Џеј Зи ја почитувале нивната потреба за простор и време за себе, а истото го очекувале и од вработените.
Изгледа совршенството е возможно
И Џеј Зи и Бијонсе се перфекционисти, и не го кријат овој факт.
Пред настап, пејачката вежбала со часови, а кога пишувала нова музика, речиси и да не спиела. Истата посветеност ја покажувал и Џеј Зи, а и двајцата не престанувале со работа сè додека нештата не се совршени.
Погледнете и Добро плаќаат, веднаш отпуштаат мрзливи - Што откриваат вработените на Џеј Зи и Бијонсе за познатиот пар?
Спирова С. | Црнобело