Добро плаќаат, веднаш отпуштаат мрзливи - Што откриваат вработените на Џеј Зи и Бијонсе за познатиот пар?
- Детали
- недела, 12 април 2020
Џеј Зи и Бијонсе се најмоќниот пар во забавната индустрија. Се чини како да се заедно цела вечност, а врската ја крунисаа со брак во 2008-ма.
И двајцата се извонредни музичари, а според она што го кажуваат другите, тие се и навистина добри личности.
Во продолжение погледнете што имаат да кажат нивните вработени за тоа како е да се работи за Џеј Зи и Бијонсе:
Вистински ѝ се посветуваат на работата
И Џеј Зи и Бијонсе обрнуваат внимание на сите детали пред да снимаат песна или пред да настапуваат. Наводно, тие се своите најголеми критичари.
Од вработените очекуваат професионалност
Бидејќи и двајцата работат напорно, истото го очекуваат и од луѓето кои се вработени кај нив. Парот без двоумење ги отпуштал луѓето кои се мрзливи и кои не покажуваат професионалност.
Плаќаат добро
Кога имате високи барања од вработените, нормално е и да им платите повеќе. Според некои извори, дадилките на нивните деца земаат и по 100.000 долари годишно, а добра плата земаат и сите останати кои работат за нив.
Им даваат и бонуси
Познатиот пар ги наградува своите вработени со новогодишни бонуси. Наводно, тие имаат потрошено над 6,4 милиони долари за бонусите на сите кои работат кај нив.
Имаат строги правила
Бијонсе води евиденција за нејзините вработени и им кажува што точно очекува од нив. Многу извори споделиле дека парот им дава прирачник на новите работници и со сите потпишуваат договор.
Од вработените се очекува дискретност
Кога сте јавна личност, не е лесно да ја зачувате вашата приватност. Поради ова, Бијонсе и Џеј Зи очекуваат вработените да бидат дискретни и да не кажуваат што се случува во нивниот дом.