Вработените не смеат да работат за Ким и Канје - Кои правила владеат во домот на Џеј Зи и Бијонсе?
- Детали
- среда, 19 август 2020
Најмоќниот пар во музичката индустрија има многу правила за вработените, но изгледа е вистинско задоволство да работите за нив.
Бијонсе и Џеј Зи не се познати само по нивната музика, туку и по тоа колку сериозно си ја сфаќаат работата. Сепак, не можете да станете најмоќниот пар во светот ако не се ангажирате повеќе.
Иако парот добро ја чува својата приватност, одвреме-навреме дознаваме понекој детаљ од луѓето кои работеле за нив. А, изгледа дека и покрај чудните барања, вработените се навистина задоволни од нивниот однос.
Па, кои се правилата на Бијонсе и Џеј Зи?
Температурата во соблекувалната на Бијонсе мора да биде 25 степени
Бијонсе е вистинска дива, и тоа не само пред камерите. Наводно, температурата во нејзината соблекувална мора секогаш да биде 25 степени. Покрај тоа, внатре мора да има две крпи – една за лице и една за тело.
Бијонсе секогаш барала во соблекувалната да има и огромна маса со бели прекривки, а сè мора да биде подготвено пред таа да влезе внатре.
Пејачката имала и други чудни барања за соблекувалната – посебен сапун од Ирска и мирисливи свеќи со арома на грозје.
Посебни барања за храна
Бијонсе многу сакала пилешко, но мора да биде приготвено според нејзини правила – да биде печено и со многу зачини. Во чинијата секогаш морало да има и брокули, спанаќ и грашок.
Пејачката сакала и секогаш да има приготвено чај и исечен лимон, но и неколку шишиња студена вода.
Кога ќе ги земете предвид сите правила за исхраната, не е ни чудно што Бијонсе изгледа подобро од кога било.
Џеј Зи ја води империјата
Џеј Зи не е само рапер, тој е и неверојатен бизнисмен. Можеби не е пребирлив како неговата сопруга, но сите кои работеле со него велат дека бизнисот си го сфаќа многу сериозно.
Истовремено, тој никогаш не слушал совети од другите и сам ги донесувал сите одлуки во врска со неговите бизниси, но и вработените во домаќинството.
Пред настап, Бијонсе мора да слуша музика
Пред секој настап, Бијонсе имала навика да слуша музика. Пејачката уживала во многу жанрови, но пред концерт секогаш слушала хип-хоп или нешто што ќе ја раздвижи.
Имаат цел правилник за дадилките на нивните деца
Според изворите, парот има 6 дадилки за близнаците, а 2 за Блу Ајви. Пред некоја дадилка да почне со работа, Бијонсе ја тера да го чита правилникот што самата го напишала. Овде биле опфатени сите должности на дадилките, но и правилата што треба да ги следат.
Се разбира, бидејќи имаат многу барања, Бијонсе и Џеј Зи ги плаќале дадилките навистина добро – 100.000 долари годишно.
Блу Ајви има 3 телохранители за на училиште
Блу оди на училиште во Западен Холивуд, а секојпат ја придружуваат двајца возачи и тројца телохранители.
Интересно е што родителите на другите деца од училиштето почнале да се жалат дека младото девојче има премногу возачи и телохранители, кои зафаќаат многу место на паркингот.