Танцува со повреден колк, никој не носи маска – Луда забава за 62-иот роденден на Мадона во Јамајка (фото)
- Детали
- среда, 19 август 2020
62-годишната пејачка не дозволи ни повредата на колкот да ја спречи да се забавува.
Во неделата, Мадона го прослави 62-иот роденден со луда забава во Јамајка. Според изворите, прославата се одржала на имотот GoldenEye, местото каде што авторот Иан Флеминг ги пишувал книгите за Џејмс Бонд. На забавата присуствувала и 23-годишната ќерка на Мадона, а гостите ги забавувал диџеј.
Покрај Лурдес, на забавата биле забележани и другите деца на Мадона, но и нејзиниот многу помлад партнер, кој е и нејзин танчар. Всушност, пејачката ги поканила сите нејзини танчари, но и нејзиниот мејкап артист, нејзиниот фризер и нејзиниот продуцент.
Јавноста веднаш забележа дека од присутните никој не носел маска, иако премиерот на Јамајка апелираше да се почитува оваа мерка.
Мадона не ја заборави и роденденската торта, а додека ги дуваше свеќите, имаше помош од најстара ќерка.
На забавата не бил забележан 20-годишниот син Роко, кој моментално живее во Лондон, со Гај Ричи – бившиот на Мадона.
Според она што се гледа на фотографиите, Мадона танцувала и пеела, а повредата на колкот од пред неколку месеци очигледно не ѝ претставува проблем.
Спирова С. | Црнобело