Конечно без шминка и Инстаграм гламур – Како изгледа „кралицата“ Бијонсе на одмор со децата?
- Детали
- среда, 12 август 2020
Кога го нема гламурот и сериозната слика од себе која ја прикажува на Инстаграм, „кралицата Б“ е само „обична“ жена и мајка која ужива во одморот без шминка, во лежерно издание.
Бијонсе е позната по нејзините гламурозни аутфити, а на Инстаграм речиси никогаш не става ништо од приватниот живот.
На сите фотки е совршена од глава до пети и со сериозен израз на лицето, но кога е на одмор, и таа е само „обична“ жена која сака да ужива во природно издание.
38-годишната ѕвезда беше забележана како плови во Хемптонс заедно со децата, нејзината мајка и неколку пријатели.
Облечена во шорцеви, со лежерно фатена коса и без грам шминка – Бијонсе се покажа во природно светло:
М. М. | Црнобело