„Пред и потоа“ фото споредби – Колку се променија ѕвездите од почетокот на нивната кариера?
- Детали
- четврток, 04 февруари 2021
Можеби од ден во ден не забележуваме, но факт е дека со текот на времето сите го менуваме нашиот изглед.
Доволно е да погледнете само една ваша фотографија од пред неколку години за веднаш да ја воочите вашата трансформација.
Истото важи и за славните, особено ако споредувате какви се денес, а какви биле на почетокот од нивната кариера.
Во продолжение погледнете неколку фото-споредби што покажуваат како изгледаат славните денес, а како на почетокот од нивната кариера:
Блејк Лајвли
Блејк се прослави со серијата Gossip Girl, која се емитуваше од 2007 до 2012. Но, таа имаше ангажмани и пред серијата, па првпат се појави на црвениот тепих во 2005.
Марго Роби
Марго е од Австралија, па кариерата ја започна во родната држава. Во 2011-та се пресели во САД и набрзо стана светски позната актерка.
Скарлет Јохансон
Скарлет првпат се појави на филмското платно уште во нејзиното детство, но првата значајна улога ѝ беше во Lost in Translation од 2003-та.
Аријана Гранде
Младата пејачка ја започна кариерата околу 2009-та како актерка. Две години подоцна ја сними првата песна, а во 2013-та го издаде и првиот албум
Рајан Гослинг
Рајан е актер уште од неговото детство и беше дел од шоуто The Mickey Mouse Club. Светот дозна за него во 2004-та, откако ја доби главната улога во The Notebook.
Емили Блант
Емили се прослави во 2006-та, после појавувањето во филмот The Devil Wears Prada. Оттогаш таа е редовен гостин на сите важни настани во Холивуд.
Ријана
На само 16 години, Ријана се пресели во САД и во 2005-та го издаде првиот албум. Денес таа важи за една од најголемите модни икони
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





