Хостеса од ресторан на Менхетн открива: Кендал не се обраќа на персоналот, Кајли остава мал бакшиш
- Детали
- петок, 17 јули 2020
Кендал има човек што зборува за неа наместо сама да се обраќа на персоналот, Хејли Бибер не е многу фина, а Бијонсе е неочекувано фина и љубезна - хостеса во ресторан на Менхетн открива какво искуство имала со славните.
Џулиа е девојка која одреден период работела како хостеса во фенси ресторарaн на Менхетн, каде гости биле многу од славните личности.
На нејзиниот ТикТок, Џулиа го открива нејзиното мислење и искуство со дел од славните личности кои имала шанса да ги запознае и услужи.
Дознајте кој е фин, а кој ладен со персоналот:
Хадид сестрите се фини и нема лоши зборови за нив, а се културни со персоналот, што е реткост.
Со Хејли Бибер имала лошо искуство – неколкупати ја сретнала и никогаш не била фина.
Кајли Џенер е во ред, но оставила 20 долари бакшиш за сметка од 500 долари.
Погледнете го целото видео:
@juliacarolann These are just my personal experiences, pls take with a grain of salt ? xo ##greenscreen ##manhattan ##fyp ##foryoupage ##celebrity ##rating ##newyork
-->♬ OUT WEST - JACKBOYS & Travis Scott
Џулиа направи и втор дел, во кое открива дека:
Кендал Џенер е ладна кон персоналот, но за неа вели дека можеби е само срамежлива.
Ник Џонас е како секој „нормален“ човек и личи на фин дечко.
Бијонсе е кралица сама по себе, со неа не зборувала многу, но на заминување ѝ се насмеала на Џулија и се заблагодарила.
Изгледајте го и второто видео:
@juliacarolann Ask and you shall receive...PART 2‼️ (a friendly reminder that these are just my personal experiences, no hate xo) ##manhattan ##celebrity ##fyp
♬ Hood Baby - Kbfr
Сепак, по сè изгледа Хејли не е лоша личност, со оглед на тоа што откако го видела видеото, јавно ѝ се извини на хостесата што оставила таков впечаток, велејќи дека тоа никогаш не ѝ било намерата, а дури е подготвена и повторно да се сретнат.
М. М. | Црнобело