„Твојата љубов и живот ќе бидат запомнети“ - Сопругата на Џон Траволта почина од рак на града на 57 години
- Детали
- понеделник, 13 јули 2020
По 29 години брак Џон Траволта ја изгуби својата сопруга со која имаа 3 деца од кое едното им почина на 16-годишна возраст во 2009-та.
Џон Траволта (66) ја потврди веста дека неговата сопруга Кели Престон почина на 57-годишна возраст од рак на града. Парот беше во брак 29 години.
Со актерката и модел ги имаат децата Ела (20) и Бенџамин (9), а го имаа и синот Џет кој почина во 2009 година на 16-годишна возраст.
Ела и Бенџамин за Кели ги имаат само најубавите зборови и ја нарекуваат храбра, силна, убава и сакана жена.
„Навистина ми е тешко да ве информирам дека мојата убава жена Кели ја изгуби нејзината 2-годишна битка со ракот на града. Таа се бореше храбро со љубов и поддршка од многумина. Нејзината љубов и живот ќе останат запаметени“, се огласи Траволта.
Инаку, Џон и Кели се приврзаници на црквата на скиентологијата, а Траволта ги замоли сите на семејството да му дадат време и простор за да закрепнат.