Додека Меган Фокс се разведува, новиот дечко Машин Ган Кели ја носи на раце (фото)
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
Новиот партнер на Меган Фокс изгледа сосема поинаку од нејзиниот поранешен сопруг, но очигледно го буди „детето“ во неа.
Меган Фокс се раздели од актерот Брајан Остин Грин и во тек ѝ е процесот на развод, но тоа не ја спречува да се забавува со новиот дечко Машин Ган Кели.
Парот беше фотографиран како се забавува на излегување од бар со пријателите и кога раперот ја носеше во раце актерката.
Извор тврди дека Брајан најмногу е посветен на децата и пријателите и ѝ посакува среќа на Меган во новата врска, иако потајно се надева дека еден ден ќе се смират.
Инаку, Меган и Брајан на кратко се разделија и во 2015 година, но брзо ги средија работите во својот брак.
Машин Ган Кели деновиве беше фотографиран и по посетата на домот на Меган.
Без маица на себе, раперот ги покажа огромниот број тетоважи на телото.
Потоа, тој појде на риболов во Лос Анџелес со својата 12 годишна ќерка Кеси.
Стари фотки од Меган и Брајан Остин Грин:
Прочитајте и По разводот, Брајан Остин Грин ја брани бившата Меган Фокс и нејзиното ново момче.
С. С. | Црнобело