Лејди Гага била удрена со шипка - најчудните повреди на славните за време на настап
- Детали
- четврток, 18 јуни 2020
На славните често им се случува да се повредат за време на концерт, но бидејќи е професионалци, тие продолжуваат со шоуто.
Дури и ако се во болка, тие не го прекинуваат настапот и покажуваат дека вистински се грижат за фановите кои дошле да ги слушнат во живо.
Во продолжение погледнете некои од најчудните незгоди што ги доживеале славните сред настап:
Мадона
Во 2015-та, на доделувањето на BRIT наградите, Мадона настапуваше носејќи долга наметка. Во еден момент, нејзините танчари требаше да ѝ ја соблечат, но наметката била премногу прицврстена, па тие ја повлекоа пејачката надолу.
Падот на Мадона беше навистина смешен и за среќа таа не се повреди и продолжи со настапот.
Бијонсе
На телевизиски настап во 2004-та, познатата пејачката си ја истегнала тетивата на едната нога.
Се разбира, таа продолжила со настапот, но подоцна лекарите ѝ забраниле да се движи цела недела.
Мајкл Џексон
Кралот на попот си ја изгорел речиси целата коса додека снимал реклама за Pepsi во далечната 1984-та.
Сите во студиото реагирале навреме и несреќата била спречена, но Мајкл некое време имал лоши главоболки.
Ријана
Во 2010-та, за време на концерт во Цирих, познатата пејачка си го повредила реброто и била однесена во болница.
Повредата не била сериозна, па следниот ден Ријана веќе настапуваше во Лион.