Џенифер Анистон - корекција на носот: Која е првата пластична операција што ја направиле славните жени?
- Детали
- недела, 21 јуни 2020
Ретко која личност не го менува својот изглед откако ќе стане славна. Всушност, споредете фотографии од минатото и сегашноста на само неколку славни личности, и самите ќе ја забележите драстичната промена.
Покрај промената на косата, шминката и модниот стил, славните неретко се одлучуваат и за пластична хирургија и слични третмани за разубавување. Иако дел од нив не признаваат, понекогаш разликата на фотографиите е повеќе од очигледна.
Во продолжение погледнете која била првата пластична операција на славните жени:
Џенифер Анистон
Џенифер има направено пластична операција на носот, но најмногу поради отежнатото дишење.
„Го средив проблемот со носот – најдоброто нешто што сум го направила. За првпат по многу години спиев како бебе“, изјави актерката за нејзината операција.
Меган Фокс
Меган Фокс ја направи првата операција на носот уште пред да се појави во Transformers. Многумина сметаат дека ако не го средела носот, веројатно не би добивала толку внимание.
Актерката вели дека нема коригирано ништо, но фановите се убедени дека неколкупати правела корекции.
Викторија Бекам
Викторија не криеше дека ставила импланти во градите. Но, наскоро почнала да чувствува болки во грбот, па направи уште една операција за нивно намалување. Пред неколку години, пак, целосно ги отстрани имплантите од градите.
Блејк Лајвли
Блејк нема потврдено ништо, но според фотографиите, фановите сметаат дека и таа направила мала корекција на носот.
Се верува дека првата операција ја направила пред 2007-ма година, додека глумеше во Gossip Girl.
Ешли Симпсон
Ни помладата сестра на Џесика Симпсон нема потврдено, ниту негирано дека направила операција, но и самите ќе ја забележите разликата.
Според некои извори и Ешли, исто како Анистон, ја направила операцијата поради проблеми со дишењето.
Погледнете и Предвидувања на пластичен хирург: Како ќе изгледаа ѕвездите ако старееја без третмани и ботокс?
Други славни жени за кои се верува дека направиле пластична операција:
Спирова С. | Црнобело