„Сакав неговите зборови да стојат на мене“ - Ванеса направи тетоважи во чест на Коби и Џиџи
- Детали
- четврток, 11 јуни 2020
Во средата, Ванеса Брајант откри дека направила тетоважи во чест на Коби и Џиана, кои загинаа во трагичната хеликоптерска несреќа во јануари.
Ванеса објави видео на коешто се гледа како ѝ ја прават тетоважата на вратот.
„Сакав слатката порака на Коби да стои на мене“, стои во описот.
Ванеса сподели и друго видео, во кое накратко ја покажува тетоважата на раката во чест на Џиана, а во описот му се заблагодарува на тату-артистот кој ги направил тетоважите. Засега е непознато што пишува на тетоважите, но веројатно се зборови што ги кажале Коби и Џиана.
Пред само неколку денови, малата Џиџи требаше да заврши основно, а по тој повод Ванеса објави фотографија од дипломата на нејзината ќеркичката.
„Честитки за завршување 8-мо, Џиџи. Ќе те сакам засекогаш. Колку сум горда на тебе“, стои во описот.
И училиштето во кое учела Џиџи ѝ оддаде почит со колаж од неколку ученици, на кој се наоѓа и нејзиниот дрес.
Спирова С. | Црнобело