„Посакувам да се воздржував од секс пред брак“ – Како Џастин и Хејли Бибер го минуваат времето во карантин? (фото)
- Детали
- вторник, 09 јуни 2020
26-годишниот пејач и неговата 23-годишна сопруга се на кампување во национален парк во Јута, и тоа со камп-приколка за која се верува дека чини над 1 милион долари.
Наводно, возилото е опремено со сè што ви е потребно за неколку денови кампување, но и со скара, подно греење, па дури и сауна.
Младиот пар помина неколку недели во изолација во Канада, а на крајот на минатиот месец се вратија во Лос Анџелес. Во саботата, пак, Џастин и Хејли беа забележани како се разладуваат во езеро, во близина на нивниот камп.
Јута е позната по езерата, потоците и реките, а парот успеал да го најде совршеното место за релаксација. Младата Хејли го покажа неверојатното тело во зелено бикини, а пејачот носеше шорцови со тропски принт.
Парот изгледа посреќно од кога било, а пред некоја недела Хејли ги израдува фановите со приказната за нивниот прв бакнеж. Наводно, тој период Хејли уште живеела со родителите, кои не ѝ дозволувале сама да излегува со Џастин. Тогаш, нејзината постара сестра ги излажала дека Хејли ќе биде кај неа, и таа можела да се види со младиот пејач.
Првиот состанок на парот бил во Њујорк, и прво биле на вечера, а потоа на кино.
„Се дружевме па отидовме да гледаме филм и се бакнавме“, изјави Хејли.
Кон средината на мај, пејачот изјави дека посакува да се воздржувал од секс пред бракот со Хејли.
„Сексот може да биде збунувачки кога сте сексуално активни со кој било“, изјави пејачот.