Ким му „откажа послушност“ на Канје, Кајли без градник – сестрите се разголеа на Инстаграм фотки
- Детали
- петок, 22 мај 2020
По наредба на Канје, Ким почна да се облекува во широка облека и ретко се разголуваше, но сега изгледа му „откажа послушност“, па се врати на провокативни фотки како сестра ѝ Кајли.
Последниве неколку дена Ким Кардашијан постојано се појавува во провокативни аутфити и фотките ги споделува на Инстаграм.
39-годишната ријалити ѕвезда позираше во долна облека со боја на кожа и штикли, а претходно излезе од дома полуоблечена за да позира пред автомобилот.
Се сеќавате на - По наредба на Канје, Ким го промени стилот и се облекува во широка и слоевита облека (фото)
Изгледа Ким му „откажа послушност“, а можеби за тоа се заслужни гласините дека во бракот не им цветаат рози во последниов период.
Ниту Кајли Џенер не остана мирна во карантинот, па ги почести фановите со провокативни пози и заводнички поглед, облечена во бело боди без градник.
Сестрите Кардашијан-Џенер очигледно не можат долго да издржат без да се разголат пред фановите - погледнете ги најновите фотки:
М. М. | Црнобело