По наредба на Канје, Ким го промени стилот и се облекува во широка и слоевита облека (фото)
- Детали
- петок, 08 ноември 2019
Откако целосно се посвети на црквата и верата, Канје почна да ја критикува Ким дека се облекува многу секси, па сега таа го промени стилот и сега носи широка и слоевита облека.
Канје Вест низ годините постојано имаше замерки за стилот на Ким, но сега изгледа таа сериозно ги сфати неговите „наредби“.
Во последниов период, тој е многу фокусиран кон верата и секоја недела настапува на црковна миса, а со тоа, веројатно уште повеќе му се промениле гледиштата.
Неделава, Ким откри дека тој ѝ кажал да престане да покажува толку многу голотија со нејзините секси аутфити и дека треба да се покрива повеќе, па 39-годишната ѕвезда изгледа го послуша.
Таа беше забележана како излегува со него од хотел во Њујорк, облечена во широки кожени панталони и огромна јакна, комбинирано со чизми кои не се својствени за нејзиниот стил.
За Ким очигледно компромисот е тајната за среќен брак – погледнете го нејзиниот нов стил:
М. М. | Црнобело