Кога ќе ти се наредат коцките: Ослабела 50 kg и се подготвува за свадба со милионер
- Детали
- четврток, 21 мај 2020
Мишел Моне е претприемач од Велика Британија и една од оние жени кои воодушевуваат и инспирираат со својата трансформација.
48-годишната Моне која има свој познат бренд за долна облека, долго се борела со вишокот килограми. Таа вели дека имала многу депресивни епизоди и се борела со своите „внатрешни демони“.
Заради ова, го запоставила своето тело.
„Знаев да јадам брза храна два или трипати на ден. Сега не би го правела тоа ни ако некој ми даде милион фунти. Со години се борев со себе“.
Атрактивната русокоса, изгубила повеќе од 50kg и намалила 6 конфекциски броеви.
Нејзината диета, покрај останатото, го ограничува внесувањето на протеини од животинско потекло и е богата со зеленчук и риба.
„Многу ретко консумирам шеќер и се трудам комплетно да ги исфрлам јаглехидратите од моето мени. Ништо не пржам, ниту пак печам“.
Моне се подготвува за својата венчавка со милијардерот Даг Бароумен со кој е во врска веќе две години и живеат во нејзината куќа на островот Мен.
Моне претходно има еден брак од кој има три деца.
„Потребна е одлучност и многу труд за да го постигнете она што го сакате. Јас не следев туѓи режими на исхрана, диети и начини на вежбање. Сакам само да покажам дека сè е возможно“.
Е. П. | Црнобело