Селена Гомез и Џастин Бибер - Славни парови од минатото кои никогаш нема да ги заборавиме
- Детали
- недела, 31 мај 2020
Холивудските врски се можеби најмалку стабилните, па ретко ќе најдете славен пар кој е заедно долго време.
Дури и врските и браковите кои ни изгледале како совршени, по некое време пропаднале.
Сепак, некои славни личности изгледаа толку добро како пар, што ги помниме и денес, години и години подоцна. За некои, пак, ниту ние фановите не можеме да се помириме дека се разделиле.
Вo продолжение погледнете ги славните парови кои веројатно никогаш нема да ги заборавиме.
Брус Вилис и Деми Мур
Парот беше во брак 13 години, пред да се разведат во 2000-та. Денес, 20 години подоцна, тие се во одлични односи, па дури и заедно беа во карантин.
Алек Болдвин и Ким Бесинџер
Алек и Ким беа заедно околу 9 години, се разделија во 2000-та, а разводот го финализираa во 2002-ра година.
Никол Кидман и Том Круз
Никол и Том поминаа цела деценија заедно, а се разделија во 2001-ва година.
Елизабет Харли и Хју Грант
Супермоделот и шармантниот актер беа заедно 13 години, а по разделбата останаа добри пријатели.
Џастин Бибер и Селена Гомез
Иако сега Џастин е во среќен брак, голем број фанови уште не можат да ја преболат разделбата со Селена.