6 пати кога кралското семејство отворено зборуваше за проблемите со менталното здравје

Од принцезата Дијана до Меган Маркл и принцот Хари, кои членови на кралското семејство отворено проговорија за проблемите со менталното здравје?

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-01.jpg

Кралицата Елизабета можеби има мото „Не се жали никогаш“, но кога станува збор за менталното здравје, британското кралско семејство говори отворено.

Прва што се отвори беше принцезата Дијана.

Кои членови говореа за проблемите со менталното здравје:

Принцезата Дијана зборуваше за постнаталната депресија.

„Се будиш наутро со чувството дека не сакаш да станеш од кревет, се чувствуваш неразбрано и многу лошо во врска со себе“, изјави Дијана ѝ кажа дека постнаталната депресија ѝ дошла ненадејно затоа што претходно никогаш не била во депресија во животот.

Таа отворено кажа дека ѝ било потребно време и простор да се адаптира на новите улоги во нејзиниот живот, како мајка и сопруга.

„Знаев дека го можам тоа, но ми требаше луѓето да бидат трпеливи.“

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-02.jpg

Принцот Хари кажа дека принцот Вилијам го убедил да оди на советување бидејќи бил многу блиску до нервен слом.

Во 2017 година принцот Хари за првпат говореше за стресот по смртта на мајка му.

„Можам да кажам дека тоа што ја изгубив мајка ми на 12 години и ги запечатив сите емоции, во следните 20 години имаше доста сериозно влијание како на мојот приватен живот, така и на работата“, изјави Хари и кажа дека му е благодарен на брат му што го натерал да побара стручна помош.

Тој додаде дека постојано бил на работ да удри некој и дека и боксувањето на некој начин му помогнало да ги исфрли емоциите.

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-03.jpg

Меган Маркл призна дека таа не е добро во еден емоционален документарен филм во октомври 2019.

Таа беше блиску до солзи кога говореше за предизвиците со кои се соочува поради притисокот од медиумите додека се реализира во новата улога на мајка.

„Навистина е премногу особено како жена. На ова додадете дека се обидувам да бидам добра мајка и сопруга и премногу е …“, беше дел од нејзината изјава.

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-04.jpg

Во истиот документарен филм Хари призна дека блицевите го потсетуваат на мајка му.

„Секој ден гледам камера, секој ден слушам клик, секојпат кога ќе видам блиц тоа ме враќа директно назад ме потсетува на мајка ми, но со негативни емоции“, призна Хари и откри дека стравува истото да не ѝ се случи и на нејзината сопруга Меган.

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-05.jpg

Принцот Вилијам во септември 2018 откри дека се справува со очај и тага.

Вилијам призна дека работењето како пилот на хеликоптер на итна помош влијаело на неговото ментално здравје.

„Носев голем товар дома со мене, без да сфатам. Гледате многу тажни работи во текот на денот што помислувате дека животот така изгледа. Секогаш се справувате со очај, тага и повреди“, изјави тој.

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-06.jpg

Неодамна принцот Вилијам и Кејт Мидлтон проговорија дека самоизолацијата негативно влијаела врз менталното здравје на принцот Чарлс.

Во интервју за BBC тие кажаа дека на принцот Чарлс многу му паднало тешко тоа што не можел да оди на прошетки додека закрепнувал од корона вирусот.

„Неможноста да оди на прошетки на свеж воздух дефинитивно влијаеше на неговото ментално здравје.“

7-pati-koga-kralskoto-semejstvo-otvoreno-zboruvashe-za-problemite-so-mentalnoto-zdravje-08.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 пати кога славните имаа непријатна ситуација со стајлингот (без око да им трепне) Ирина Шајк продефилира со фустан пукнат по рабови, Кира Најтли на црвен тепих по...
Жизел Бундшен за паничните напади: „Се откажав од семејството и живеев на брза храна – откако го про... „Најлошата работа за паничните напади е интензивниот страв дека ќе имате уште ед...
„Сакаше да биде принцеза, а денес рекламира кафе“ – Дали Меган Маркл беше во заблуда за тоа како ќе ... „Некогаш ја претставуваше кралицата, а сега пакува кафе. Леле на кое ниво паднал...
Скандалозни тврдења на Ребел Велсон: „Член на кралското семејство ме покани на оргија – во послужавн... „Околу 2 часот по полноќ излезе едно момче со послужавник полн со бонбони“ – рас...
Џастин Бибер објави фотки на кои плаче - Проблеми во бракот со Хејли или влошено ментално здравје? Откако објави фотографии на коишто плаче, фановите почнаа да споделуваат свои те...
Тамара Тодевска ги испрати децата на училиште, по враќањето од одмор со саканиот Лука и целото семеј... Партнерот на Тамара постојано е дел од сите семејни собири, па така беше и со од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg