Илон Маск и Грајмс не се единствените - Најчудните имиња што познатите ги одбрале за своите деца
- Детали
- вторник, 12 мај 2020
Неодамна, светот дозна дека Илон Маск и пејачката Грајмс планираат да го крстат нивното прво дете X Æ A-12.
Но, набрзо се откри дека парот нема да може да му го даде тоа име на детето, бидејќи законите не го дозволуваат тоа. Наводно, името мора да е составено само од буквите во англиската азбука.
Илон и Грајмс не се првиот славен пар кој одбрал необично име за нивното дете. Можеби никој не се сетил да користи симболи и броеви како нив, но многу славни одбираат имиња со чудно значење.
Погледнете неколку во продолжение:
Епл – Крис Мартин и Гвинет Палтроу
Епл (apple) е всушност англиски збор што значи „јаболко“.
Гвинет и пејачот од Coldplay имаат 15-годишна ќерка која се вика токму така – Епл.
Блу Ајви – Џеј Зи и Бијонсе
Познатиот пар се најде на сите насловни кога соопшти дека нивната прва ќерка ќе се вика Блу Ајви.
Според една теорија од фановите, првите две букви од името Ајви (Ivy) го симболизираат римскиот број четири (IV), кој им бил омилен на Бијонсе и Џеј Зи.
Блу, пак, е англискиот збор за сина боја, но наводно, околу 50-тите и 60-тите, ова име било често во САД.
Бруклин – Дејвид и Викторија Бекам
Постои дури и шега, според која Бекамови им даваат само лоши имиња на нивните деца.
Кога ќе земете предвид дека тие ги одбрале имињата Ромео, Круз и Харпер Севн (seven значи 7 на англиски), станува очигледно зошто.
Норт – Ким Кардашијан и Канје Вест
Првото дете на Ким и Канје се вика Норт, што на англиски значи „север“. Нејзиното презиме, пак, на англиски значи „запад“, па целото име на девојчето е всушност „Север Запад“.
И другите деца на парот можат да се пофалат со необични имиња – Сејнт (светец), Чикаго и Псалм.