Илон Маск и Грајмс не се единствените - Најчудните имиња што познатите ги одбрале за своите деца
Беар – Лијам Пејн и Шерил Кол
Наводно, Беар не било многу ретко име, но е чудно бидејќи на англиски, зборот „bear“ значи „мечка“.
Лијам има споделено дека името го одбрала Шерил, најмногу бидејќи е тешко да го заборавите.
Ривер Рокет – Џејми и Џулс Оливер
И познатиот готвач одбрал чудно име за неговото дете. Буквално преведено, името на неговото најмладо дете е „Река Ракета“, но тоа не е најчудното во семејството.
Парот одбрал имиња како Попи Хани (poppy значи афион, a honey – мед) и Петал Блосом (petal се ливчиња од цветови, а blossom значи цвет или цутење).
Морокан – Мараја Кери и Ник Кенон
Името на синчето на познатата пејачка, Морокан, може да се преведе како „Мароканец“.
Сандеј - Никол Кидман и Кит Урбан
Актерката и Кит не се единствените славни кои го одбрале ова необично име за свето дете – и Мајк Мајерс има ќерка Сандеј. Ова име, пак, во превод значи „недела“.
Кои се најчудните имиња што сте ги сретнале вие?
Спирова С. | Црнобело