Грајмс и Илон Маск откриваат што значи името на нивното бебе – Можете ли да го изговорите?
- Детали
- среда, 06 мај 2020
Во понеделникот Илон Маск и пејачката Грајмс го добија нивното прво дете. Илон веднаш се пофали на Twitter, а сподели и фотографија.
Кога, пак, го прашаа како го крстиле детето, тој само одговори: „X Æ A-12 Маск“
Веројатно помислувате дека се шегувал, но парот потврди дека детето навистина се вика така. Грајмс сподели и објаснување, а за изговорот веројатно ќе треба да почекаме:
„X е непознатата променлива
Æ моето елфско спелување на Ai (љубов и/или вештачка интелигенција)
А-12 = претходник на SR-17 (нашиот омилен авион). Нема оружје, нема одбрана, само брзина. Одлично во битка, но без насилство“
Грајмс додава и дека:
буквата А ја означува нејзината омилена песна - Archangel, а бројот 12 изгледа означува стаорец, што според People се смета дека се однесува на кинескиот хороскоп, бидејќи 2020-та е годината на стаорецот.
•X, the unknown variable ⚔️
•Æ, my elven spelling of Ai (love &/or Artificial intelligence)
•A-12 = precursor to SR-17 (our favorite aircraft). No weapons, no defenses, just speed. Great in battle, but non-violent 🤍
+
(A=Archangel, my favorite song)
(⚔️🐁 metal rat)-->— 𝖦𝗋𝗂𝗆𝖾𝗌 ⏳ (@Grimezsz) May 6, 2020
Подоцна, Илон ја коригираше Грајмс, дека всушност авионот е SR-71, а не SR-17 како што таа напиша, но ја потврди поентата и објаснувањето.
SR-71, but yes
— Elon Musk (@elonmusk) May 6, 2020
Во коментарите на објавата, пак, твиерџиите се шегуваат дека не разбрале ништо од објаснувањето и сите бараат помош околу изговорот на името.
Ова е првото дете на Грајмс, додека Илон има пет синови од претходниот брак.
Спирова С. | Црнобело