„Мајката и бебето се добро“ - Илон Маск и пејачката Грајмс добија синче
- Детали
- вторник, 05 мај 2020
Илон Маск стана татко на уште едно момче – пејачката Грајмс го роди неговиот шести син. За Грајмс, пак, ова беше прва бременост.
48-годишниот основач на Tesla ги сподели вестите на Twitter во понеделникот:
„Мајката и бебето се добро“.
Подоцна сподели и дека бебето е машко, а денес објави и фотографија со него.
Илон има пет синови од неговиот претходен брак, а во 2002-ра трагично го изгуби неговото прво дете, неколу денови по неговото раѓање.
Грајмс ја соопшти бременоста во јануари, а подоцна и отворено зборуваше за тоа со нејзините фанови. Пејачката изјави дека имала компликации на почетокот од бременоста, но второто тримесечје било одлично.
Грајмс и Илон ја започнаа врската пред две години – во мај 2018-та, тие заедно се појавија на Мет Галата и ги изненадија сите со веста дека се пар.
Прочитајте и Го очекуваат нивното прво дете - Работи што не сте ги знаеле за врската на Илон Маск и Грајмс
Спирова С. | Црнобело