Кај Меган и Хари дома - живеат во луксузна вила со 12 бањи во Беверли Хилс (фото)
- Детали
- петок, 08 мај 2020
Нивниот луксузен дом се наоѓа на рид во прекрасна природа и има 12 бањи и базен. Вреди вртоглави 18 милиони долари.
Принцот Хари и Меган Маркл живеат во екстра луксузна вила во Беверли Хилс, која му припаѓа на холивудскиот тајкун Тајлер Пери.
Парот го запознал Тајлер преку нивната заедничка пријателка Опра Винфри.
Во вилата во тоскански стил има 8 спални соби, 12 тоалети и се наоѓа на врвот од рид во ексклузивно соседство, кое има обезбедување.
Токму во оваа вила Хари и Меган го прославија првиот роденден на Арчи.
Се смета дека парот или ја изнајмува вилата или престојуваат таму како гости, но засега нема информација дека ја купиле.
Прочитајте и Зошто Меган Маркл го натера принцот Хари да се преселат повторно - сега во Лос Анџелес?
С. С. | Црнобело