Зошто Меган Маркл го натера принцот Хари да се преселат повторно - сега во Лос Анџелес?
- Детали
- петок, 27 март 2020
Бебето Арчи ќе расте во близина на својота баба Дориа, а Меган ќе биде блиску до холивудските агенти и ПР експерти.
Меган Маркл и принцот Хари пред да бидат затворени границите поради пандемијата со приватен џет од Канада заминаа за Калифорнија.
Според магазинот Sun парот трајно се пресели, бидејќи Меган сакала нов дом блиску до Холивуд. Тие веќе некое време размислувале дека Канада не е совршениот избор за нив.
Во Лос Анџелес живее мајката на Меган, Дориа Регланд, многу пријатели на Меган, бизнис менаџери, холивудски агенти, па тоа била главната причина.
Инаку, од Дизни беше објавено дека Меган Маркл го позајмила својот глас во хуманитарен филм за слоновите и изгледа дека таа навистина планира да се врати на својата актерска кариера.
Моментално тие се во самоизолација со 10-месечниот Арчи, а од Велика Британија повторно пристигнуваат критики на нивна сметка за „непромислените потези“.
Мајката на Меган, 63-годишната Дориа, деновиве беше фотографирана како ги шета нејзините 2 кучиња во Лос Анџелес:
Потсетете се Kако изгледаше домот на Хари и Меган во Канада?
С. С. | Црнобело