Што прави Џеј Ло секое утро и вечер за да остане позитивна и во тешки времиња?
- Детали
- понеделник, 04 мај 2020
Џеј Ло е секогаш позитивна и насмеана и не дозволува ништо да ѝ ја наруши хармонијата, но како успева во тоа?
Во период кога стравот кај многумина е можеби засилен и грижата за себе и најблиските е на прво место, секојдневните лоши вести и информации може уште понегативно да влијаат.
Но, сигурно не е сѐ така лошо и може да најдете барем нешто убаво што се случило секој ден...
Џеј Ло открива како таа се одржува смирено и позитивно:
Во ова време, кога е лесно да се чувствувате нерасположено и да мислите на сите лоши работи, на сѐ што немаме и на сите работи за кои немаме одговор...
Jас имам една навика да си кажам три работи на кои сум благодарна, веднаш штом ќе отворам очи и навечер кога лежам во кревет, набројувам три добри работи на глас кои се случиле во текот на денот. Може да бидат кои било... а, јас се обидувам да ги менувам за да не бидат исти постојано.
Останете позитивни и безбедни. Ве сакам и ми недостасувате... наскоро ќе бидеме заедно.
https://www.instagram.com/p/B_vRzdCJrgS/
М. М. | Црнобело